Мандарините се прекрасни, вкусни и многу ароматични дарови од природата. Сигурно во последно време јадете често вакво овошје, но освен за јадење, од нив може да се направи супер маска за лице.
За сува или нормална кожа може да го пробате следново – исушената кора од мандарина се мели во машина за кафе, на што се додава една лажица павлака и една жолчка од јајце. Сето ова се меша во блендер или со миксер. Нанесете ја смесата на лицето, оставете да делува 15-20 минути после што се измива со млака вода.

You must be logged in to post a comment Login