Сите жени ви сакале да се разбудат со совршен тен и со совршена фризура и без шминка да изгледаат совршено. Сепак во реалниот свет тоа не е возможно. За да постигнете убав и негуван изглед, послужете се некогаш со овие beauty трикови.
Селотејп против преголемо количество сенка
Знаеме колку е непријатно кога на лицето имаме преголемо количество шминка. За лицето да не ви изгледа како диско топка – прекумерното количество на шминка отстранете го со помош на селотејп.
Лажица против подочници
Уморните, отечени очи и подочниците решете ги со помош на ладни облоги. Во ладилникот ставете две лажици, оставете добро да се оладат и потоа ставете ги на вашите очи.
Ледена купка за брзо сушење на лакот за нокти
Ако се брзате, а сакате да ги налакирате ноктите, исушете ги така што ќе ги ставите во сад со вода и лед. Верувајте дека ќе ви бидат суви за помалце од една минута.
Пилинг за усни
Сакате ли вашите усни да бидат секогаш негувани и спремни за бакнежи, направете сами пилинг за усни. Малку шеќер додајте во мед и капнете малку маслиново масло, добро промешајте и со смесата убаво изтријте ги усните.
Аспирин за ипукани пети
Ве мачат испукани и суви пети? Изситнете пет аспирина, помешајте ги со свежо изцеден сок од лимон и добиената смеса нанесете ја на петите. Проблемот за кратко време ќе изчезне.
Паста за заби за бели нокти
Паста за заби нанесете на ноктите и оставете да делува 5 минути. Кога ќе ги измиете, вашите нокти ќе бидат бели и спремни за лакирање.
Парфем за миризлива коса
Ако сакате да се решите од непријатниот мирис на вашата коса, како што е мирисот на готвени јадења, на четката за коса нанаесте од вашиот омилен парфем и темено изчешлајте ја.