Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Необични beauty трикови за секоја дама

Секоја жена сака да се разбуди со совршен тен и фризура и без шминка да изгледа беспрекорно. Сепак во реалниот свет не е можно. Да постигнете убав и негуван изглед, послужете се со следните beauty трикови.

 

Селотејп против вишок сенка. Иритантно е кога на лицето имате вишок сенка, светки или сјај на усните. Да не ви биде лицето како диско кугла – вишокот од шминка едноставно отстранете го со помош на селотејп.

 

Со лажица против подочници. Уморени и отечени очи спречете ги со ладна облога. Едноставно во фрижидер или ладилник ставете две лажици и кога добро ќе се оладат притиснете ги на очите.

 

Ледена купка за експресно сушење на лакот за нокти. Ако сте во брзање и сакате да ги налакирате ноктите, внимателно ставете ги во сад со ледена вода. Верувајте дека лакот ќе се исуши за помалку од минута.

 

Пилинг за усни. Сакате да имате негувани усни, секогаш спремни за бакнеж, мора да правите често пилинг. Малку шеќер и мед, неколку капки маслиново масло ставете и втријте го на усните.

 

Прилагодете ја пудрата на тенот. Доколку за време на топлите денови добиете боја, пудрата која ја користите ќе биде посветла за вас. Додајте малку потемна нијанса и ќе добиете совршена нијанса за вас.

 

Аспирин за испукани пети. Груба кожа на петите? Здробете 5 аспирина измешајте ги со свежо исцеден сок од лимон и добиената смеса втријте ја во петите. Проблемот ќе биде решен.

 

Забна паста за вели нокти. Паста за избелување на заби нанесете ја на ноктите и оставете да делува 5 минути, кога ќе ја исперете вашите нокти ќе бидат бели и спремни за лакирање.

 

Парфем за убав мирис на косата. Ако сакате да се решите од непријатниот мирис на косата, како што се готвење, печење или дим, ставете на четката за коса од вашиот омилен парфем и исчешлајте се.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement