Денес кога козметичката индустрија постојано открива нови мирисни ноти, навистина е тешко да одберете идеален парфем. Но, ако размислите за својот карактер и пораката која со мирисот сакате да ја оставите, полесно ќе одберете дали повеќе ви одговара дискретни или јаки парфеми.
Кога сте млади одредени мириси ги поврзувате со мајката или своите пријатели. При одбирањето на мирисот одлучете се за оној кој ќе ги покрене вашите лични вибрации.
Пронајдете го својот мирисен идентитет
Размислете за својата личност и пораката која сакате да ја испратите.
Ако сте таинствена и секси, одберете ги сензуалните ноти на јасминот или сандаловината. Ако сте тип за забави и авантури, за вас се осетливи цветни мириси на база на божур или љубичица.
Носете го секаде со вас
Малото шишенце можете да го носите секаде со вас. Сетете се на Французинката која без парфем се чувствувала како гола.

You must be logged in to post a comment Login