Постигнете нежен и незаборавен изглед каков што имаше Анџелина Џоли на промоцијата на нејзиниот нов филм Грдан.
Од шминка потребно ви е :
Течна пудра, пурда во прав, руменило, црн или темно смеѓ молив за очи, маскара или врградени трепки, 3 нијанси смеѓа сенка за очи и тоа од светла беж па се до лешник, руж со боја на месо или нежно, пастелно розевкасто.
Постапка:
1. Подлога: Таа го зафаќа коректорот, течна пудра и пудра во прав
2. Очи: Најсветлата нијанса со дебела четка нанесете ја на целиот капак и на областа под образите. Со средно светлата нанесете до средина на капакот почнувајќи од крајот на окот, за трепките најтемната нијанса нанесете ја на крајот на окото на самата ивица на трепките и со кратки потези размачкајте го средниот капак. На крај, моливот за очи нанесете го до средина на окото према крајот на така што линијата на средина да биде тенка и да се шири кон крајот.
3. Маскара: Маскарата нанесете ја во два или три слоја, во зависност за која прилика се шминката. Колку повеќе слоеви толку подобар ефект.
4. Руменило: Руменилото се нанесува последно и тоа е круната на квалитетен мејк ап. Доколку не сте сигурно која боја руменило најдобро прилега на вашето лице, одберете некоја од розевите нијанси бидејќи со нив не можете да погрешите.

You must be logged in to post a comment Login