Со едноставен трик можете да ги нагласите своите локни без да користите топлина и да ја оштетите косата. Овој трик е најдобар за дефинирање на локните кај коса која е природно виткана, но дава резултати и на рамна коса.
Доколку косата ви е баш рамна, применете ја истата постапка само со четири прамена, кои ќе ги завиткате заедно и ќе ги врзете со ластиче на темето пред да одите на спиење. Следното утро пуштете ја косата, наместете ја малку со прстите и ќе имате убава, опуштена фризура.
– Навлажнете ја малку косата. Поделете ја на два дела и завиткајте ги навнатре.
– Завиткајте ги и од другата страна во ист правец.
– Оставете ја косата така завиткана, додека се суши на воздух или додека ја сушите со фен.
– Најважно е косата во потполност да се исуши пред да ги раздвоите локните со прсти.


You must be logged in to post a comment Login