Дезодорансите се препарати кои делуваат против бактриите и така ја спречуваат непријатната миризба. Ако не можете да го пронајдете правиот и ефикасен дезодоранс за себе, испробајте го овој рецепт за домашен дезодоранс од лимета или од рузмарин, кој е многу делотворен и го спречува непријатниот мирис.
Лиметета како и останатите цитруси имаат висока содржина на витамин Ц и други нутриенти кои го намалуваат развојот на бактериите и непријатниот мирис, а притоа не ги спречуваат природните процеси како дишењето и излачувањата на кожата.
И рузмаринот делува антибактериски и антисептички, а во комбинација со сода бикарбона која го контролира потењето, ќе добиете одличен дезодоранс.
Исечете неколку парчиња лимета и темелно намачкајте ги пазувите. Остатокот од лиметата чувајте го во сад или во фолија во ладилникот, што ќе ви овозможи да го користите седум дена.
За дезодорансот од рузмарин, измешајте 1 лажица сода бикарбона, 2 лажици пченкарен скроб, неколку капки маслиново масло и неколку капки етерично масло од рузмарин. Добиената смеса ставете ја во херметички затворена тегла.

You must be logged in to post a comment Login