На само неколку дена пред почетокот на пролетта време е да почнете да размислувате за вашите стапала. За нежни и здрави стапала направете мала промена и ослободете се од грубите стапала. За таа цел ви предлагаме сами да направите крема.
Потребни ви се:
2 лажички восок
4 лажички бадемово масло
4 лажички кокосово масло
2 лажички од вода од ружи
Восокот стопете го на пареа. Во него додадете ги бадемовото и кокосовото масло и мешајте силно. Додека мешате додадете ја и водата од ружи.
Треба да добиете крем смеса.
Откако кремата ќе отстои два часа во фрижидер може да се користи.
Масирајте ги стапалата со кремата после капење и секоја вечер пред легнување. За да не се избрише кремата од вашата постелнина, облечете памучни чорапи.

You must be logged in to post a comment Login