Лубеницата е вкусна и одлична за нашата фигура бидејки на неа гледаме како на слатко, а има многу малку калории бидејки содржи многу вода. Одлична е за борба против целулит, но дали сте знаеле дека може да се искористи и за нега на кожата?
Ви претставуваме идеја за супер едноставна маска која има anti-age учинок, а за која се потребни само 2 намирници.
Состојки: Авокадо и лубеница
Измешајте голема лажица свеж сок од лубеница со лажица здробено авокадо. Смесата нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 15 минути. Измијте се со млака вода и нанесете ја вообичаената крема.
Зашто делува?
Авокадото содржи омега 3 масни киселини поради која кожата изгледа енергична и затегната и е полн со витамин А и Е, додека лубеницата е полна со витамини А, D, и В12.

You must be logged in to post a comment Login