– Лице
Оваа маска е добра за сите типови на кожа ( мрсна, сува, нормална). Земете една лажица јогурт (обичен) и измешајте го со една лажица мед. Измешајте ја и нанесете ја на лицето. Оставете ја маската на лицето околу 15 минути, а пота нежно измијте ја.
– Тело
Ова е одличен пилинг за тело кој вашата кожа ќе ја направи хидратизирана. Земете мал сад, додадете шеќер (или сол), околу половина од садот, потоа ставете маслиново масло додека не го покриете шеќерот/солта. Измешајте. Истуширајте се и нежно триете го вашето тело со смесата, а потоа измијте го.
– Коса
За мека, луксузна коса користете кокосово масло. Ништо поедноставно, само ставете го кокосовото масло на коса неколку минути и измијте го.
– Усни
За суви и груби усни најдобар домашен лек е ледот. Триете ги вашите усни со коцка лед и на тој начин ќе тргнете испуканите кожички.
– Очи
Уморните очи и подочници најдобро ќе ги избегнете со сок од краставица. Натопете го памукот во сокот од краставица. Ставете го на вашите уморни очи и уживајте!

You must be logged in to post a comment Login