Врвна нега на косата со препарат во чија основа е маслиновото масло.
За време на летните месеци, косата се суши и оштетува полесно од вообичаено, посебно заради пливање и уживање на плажа. Косата е изложена на сонце, песок и дејство на морската сол, и така е поподложна на пукање и цвет на влакното. Употребата на агресивни хемиски средства, наместо да помогне, може уште повеќе да го оштети влакното.
Постојат неколку рецепти за домашно хранливо масло, а ние ќе ви го претставиме рецептот на база на малиново масло.
Состојки:
2 супени лажици маслиново масло
1 супена лажица кокосово масло
1 супена лажица мед
1 кафена лажичка магнезиум-сулфат
Подготовка:
Измешајте ги добро сите состојки.
Кокосовото масло е добро да биде малку подгреано за да биде во потполно течна сосотојба.
Да не се зачудите ако магнезиум-сулфатот остане во форма на ситни топчиња, тој секако ќе делува кога ќе го нанесете на косата.
Употреба:
Масирајте го темето и косата по целата должина со смесата, а потоа оставете да делува 30 минути. Измијте ја косата убаво со шампон. Доколку чувствувате дека косата ви е сѐуште масна, ставете сода–бикарбона и повторно измијте ја со шампон.

You must be logged in to post a comment Login