Сакате вашите стапала секогаш да изгледаат негувано и привлечно? Нема ништо поедноставно. Ниту една купена крема за нега на стапалата и петите не може да се натпреварува на оваа домашна крема која можете да ја подготвите само за 5 минути.
Се што ви е потребно е маст од невен и витамин А (или АД капки). Кремата се прави брзо и лесно.
А еве го и рецептот:
Во помал сад добро измешајте ја маста од невен и витаминот А (или АД капките) во однос 2:1, два дела од маста од невен и еден дел од витаминот А. Маста од невен и АД капките можете да ги купите во аптека. Значи 20гр маст и 10мл витамин А (или АД капки).
Во суштина тоа е се. Подготвената крема ставате ја во стаклена или пластична тегла и чувајте ја во фрижидер.
Во текот на две недели, пред да легнете, мачкајте ги стапалата со оваа крема. Препорачливо е да облечете памучни чорапи и да преспиете со нив. По два недели од третманот ќе биде доволно да нанесувате од кремот два до три пати неделно.
Освен фантастичниот визуелен ефект, оваа крема ги лекува и пукнатините на кожата на петиците и кутикулите.

You must be logged in to post a comment Login