Секое вино има различен состав и различни сорти се корисни за различни типови на кожа. Ви претставуваме неколку едноставни рецепти како самите да направите здрав тоник.
Освен како пијалок, виното можете да го користите и за убавина. За нега на кожа слкона на акни најдобар избор е црвено вино кое содржи висока концентрација полифенол ресвератрол, ги намалува воспаленијата и спречува отекување кое е предизвикано од слободните радикали. За нега на сувата кожа најдобар избор е сувото вино кое има поголема концентрација на јаболкова, винска и лимонска киселина.
Сува кожа
Ако имате сува кожа слкона на перутење, помешајте 1 чаша суво црвено вино со седна чаша вода. Мешавината ставете ја во шишенце со распрскувач. По секое туширање на кошата нанесете ја оваа мешавина, оставете да делува 5 минути а потоа измијте се.
За многу сува кожа, помешајте ¼ чаша суво бело вино, 1 чаша бел оцет, па ¼ или ½ од оваа мешавина додадете ја во вашата купка. За сувата кожа на лицето направете маска од вино. Помешајте 3 лажици слатко црвено вино, пола лажица гел алое вера и 1 лажица мед. Маската нанесете ја на лицето и вратот, оставете да делува 10 минути а потоа измијте се.
Масна кожа
Помешајте 3 лажици црвено вино со малку јогурт, нанесете го на лицето и вратот. ОСтавете го да делува 15 минути и измијте го со млака вода.
Осетлива кожа
Природниот конзерванс танин сво црвеното вино може да ја иритира осетливата кожа. Затоа најдобро е ако го избегнувате црвеното и кожата да ја негувате со бело вино. Згответе камилица во бело вино. Оставете ја да се готви 10 минути, потоа течноста оладете ја и ставете ја во чисто шишенце. Течноста користете ја како тонер.

You must be logged in to post a comment Login