Многу жени го избегнуваат тушот за очи бидејки сметаат дека незнаат како правилно да го нанесат, сметаат дека е тоа комплицирано или дека одзиме многу време. За оваа техника не ви е потребно мирна рака…само малку трпение и вежби. За да добиете совршени нацртани капаци пратете ги следните чекори:
Ако сакате најпрво употребете виткач за трепки, со ова полесно ќе ви биде за нанесување на туш. Со една рака нежно затегнете го капакот за лесно да ја видите линијата на работ на капакот и коренот на горните трепки. Со четкатуш во другата рака нацртајте ситни точки измеѓу корените на вашите трепки. Раката нека ви биде опуштена, а точките нежно притиснете ги со четката. Целта е по должината на целите трепки тушот да ги пополни празнининте. Истото поновете го и со другиот капак.
Конечниот резултат ќе биде илузија на густи и дефинирани трпки. Ако сакате на крајот, можете да повлечете тенка линија со тушот во должина на целиот капак. Сега ќе ви биде многу полесно бидејки ќе мора само да ги споите само точките.

You must be logged in to post a comment Login