Секоја жена е на маки кога ја бира течната пудра. Со оглед на тоа дека е важен дел од вашиот изглед, важно е дасе одвои малку време и да се пронајде онаа која на лицето ќе изгледа потполно неприметно и ќе ја нагласи вашата природна убавина. Не таа пудра да се фокусирате.
Претемна пудра – Жените често бираат пудра која се и до три нијанси потемни од нивниот тен. Тоа е голема грешка бидејки поради тоа лицего изгледа неуредно, а комплетниот впечаток е ефтин.
Ефтина пудра – Секако, не велиме дека треба да потрошите богатство на течната пудра, но оние кои се премногу ефтини често имаат и лоша текстура, што навистина се гледа. Подобро заштедете на лаковите за нокти, сенки и руменилата.
Пудра за друг тип на кожа – Имате мешовите кожа, а носите пудра со светли честички? Или имате сува кожа а носите пудра за матирање? Носењето на погрешна пудра ќе ја измачи кожата и ќе изгледа неуредно, па ако не знаете само кој е вашиот тип на кожата, прашајте ја продавачката во парфимеријата за совет.
Пудра од пријателка – Таа ја обожава, но е и неколку пати потемна од вас и има сосема друг тип на кожа, затоа избегнувајте пудра која ви ја препорачува пријателката и користете исклучиво онаа која ви одговара на вашето лице.
Прегуста пудра – Многу густата пудра лошо изгледа на секое лице, дури и ако е зафатено со акни. Дозволете кожата да дише и одберете полесна варијанта на пудра.

You must be logged in to post a comment Login