Доколку на вашата коса и е потребна помош, сакате да е сјајна, да го спречите нејзиното опаѓање и појавата на првутот, направете маска од квасец и мед.
Она што ви е потребно за оваа маска е една коцка свеж квасец и една супена лажица мед. Смесата мешајте ја додека не се изедначи и оставете ја да одстои еден час, за да се активира процесот на ферментација.
Смесата нанесете ја на темето и по должина на косата и нежно масирајте. На главата ставете најлонска капа, па врз неа крпа и оставете да делува еден час.
Оваа маска нанесувајте ја на вашта коса 1-2 пати во неделата и по неколу недели ќе ја воочите разликата во изгледот на вашата коса.

You must be logged in to post a comment Login