Убаво и правилно обликувани веѓи се украс на женското лице. Меѓутоа ако некаде згрешите, резултатот може да биде потполно спротивен. Стручњаците откриваат трикови како да го избегнете хоророт од веѓи.
Неизедначени веѓи
Иако постои изреката „веѓите треба да бидат сестри, а не близначки“, често се случува веѓите да изгледаат како воопшто да не се род. При обликување на веѓите рамнете се према внатрешните и надворешните агли на очите и пробајте да бидат што е можно посиметрични.
Веѓи кои веќе ги нема
Ако сте претерале со чупање на веѓите и сте останале без нив, во таа ситуација размислете за траен мејкап. Би било добро воопшто да не се донесете во ваква ситуација, затоа пробајте да го избегнете претераното чупање на веѓите додека можете. Одржувајте ги во што е можно поприроден облик со ситни корекции.
Претенки веѓи
Ова може да се случи со годините и тоа е сосема природна појава. Но може да се избегне така што веѓите ќе ги одржувате во што е можно поприродно издание со малку обликување за подобро да одговараат на вашето лице.
Веѓи кои се предебели
Предебелите веѓи повеќе ќе дојдат до израз од очите и останатото на лицето кое треба да се истакне. Како што претенките веѓи можат потполно да го трансформираат лицето на несакан начин, истиот ефект можат да го имаат и предебелите веѓи. Различните облици на веѓи одговараат на различни луѓе. Помладите жени тежнеат кон гламурозен изглед, а постарите сакајќи да ги обликуваат веѓите така да визуелно ги „подигнат“ нивните очи како би изгледале помладо.
Веѓи со погрешна боја
Пресветли или претемни веѓи на вашето лице ќе отскокнуваат и нема успешно да го уоквират лицето. Бојата на веѓите треба да биде прилагодена бојата на косата и бојата на вашата кожа. Во избор на идеална боја ќе ви помогнат стручњаци, избегнувајте сами да експериментирате кога бојата на веѓите е во прашање.

You must be logged in to post a comment Login