Млитавиот подбрадок е една од неизбежните последици на стареењето или на зголемената тежина. Ви откриваме неколку трикови како малку да го задскриете, односно да го направите помалку видлив со помош на шминка, фризура и на облека.
ШМИНКА
Подбрадокот може да се скрие со бронзер. Изберете бронзер во неколку нијанси потемен од пудрата и со дебела четка нанесете го на делот крај долниот раб на вилицата и по горниот дел на вратот. Тој ќе направи темна сенка, која ќе го стави подбрадокот во втор план.
Со руменило истакнете ги јагодиците, а со моливче или со ајлајнер и маскара истакнете ги очите, кои така ќе изгледаат многу поголеми и ќе го одвлечат вниманието од брадата.
ФРИЗУРА
Против подбрадокот можете да се изборите и со фризурата. Никако не ја кратете косата во висина на брадата, а не чини ни ако е премногу долга бидејќи и двете фризури во прв план го ставаат подбрадокот. Најдобра е средна должина на косата. Идеална фризура е подолг боб, чии врвови ќе протегаат под брадата, па се до линијата на вратот и косо исечен боб. Ако имате долга коса, нека биде постепено истрижена со благи кадрици балгодарение на кои брадата нема да биде во прв план.
ОБЛЕКА И НАКИТ
Заборавете на блузата закопчана до грлото, која брадата и подбрадокот ги прави уште поистакнати. Избирајте малку поотворено деколте. Никгаш не носете гердан припиен на вратот, кој визуелно ќе ве пресече на пола и уште повеќе ќе го истакне вашиот подбрадок.
ПРАВИЛНО ДРЖЕЊЕ
Ако се држите подгрбавено и одите со спуштена брада, вашиот подбрадок и опуштената кожа на вратот ќе се најдат во прв план. Затоа, држете се исправено, спуштете ги рамената и гордо кренете ја главата.

You must be logged in to post a comment Login