Зелениот чај е богат со витамини и минерали кои влијаат на нашата убавина. Тие ги спречуваат брчките, ги намалуваат темните дамки на нашата кожа и спречуваат појава на кожни проблеми како што се акните и ракот на кожата. Во прилог ви нудиме неколку маски од зелен чај.
Инстант сјај
Земете три лажички зелен чај и какао во прав и добро промешајте ги со лажичка бадемово масло. Оставете ја да делува околу 20 минути, а потоа со млака вода исплакнете го лицето.
Подмладете ја кожата
Внатрешноста на папаја промешајте ја со екстракт од зелен чај. Пред нанесувањето кожата треба да биде влажна. Оставете ја да делува 15 минути.
Отстранете ги брчките
Оваа маска помага во отстранување на видливите знакови на стареењето како што се брчките. Згмечите три јагоди и додадете една лажичка зелен чај и мед. Смесата нанесете ја така што ќе го измасирате лицето. После 20-30 минути исплакнете и ќе добиете видно помлад изглед.
Чиста кожа
Во зовриена вода изронете 3 вреќички зелен чај и корен од ѓумбир. Исцедената смеса нанесете ја на акните. Овој рецепт може да се користи и за осветлување на лузните.
Свеж изглед
Смесата составена од една лажича мед, исто количество маслиново масло и една лажичка зелен чај во прав нанесете ја на вашето лице и оставете ја да делува 20-30 минути. По миењето лицето ќе има свеж изглед.