МАСКА
Од древните времиња маслиновото масло се користи во кујната, медицината, но најомилена примена кај нас, жените, е во сверата на убавината. Затоа, драги дами, ви нудиме 3 маски со маслиново масло – за коса, лице и раце! За да уживате во сјајна, мека и нежна кожа како кадифе.
МАСКА ЗА КОСА СО МАСЛИНОВО МАСЛО
Измешајте една жолчка, сок од еден лимон, половина чаша пиво и една лажица маслиново масло. Добро измешајте и со смесата направете 5- минутна фрикција на косата пред да ја измиете со шампон.
МАСКА ЗА ЛИЦЕ СО МАСЛИНОВО МАСЛО
Измешајте 4 лажици брашно, ½ чаши млеко, 1 лажица мед и една лажица маслиново масло. Нанесете ја маската на лицето и вратот, додека е уште топла. Почекајте да дејствува 10 минути и одстранте ја со млака вода.
МАСКА ЗА РАЦЕ СО МАСЛИНОВО МАСЛО
Потопете ги рацете во млако маслиново масло околу 30 минути и потоа направете компресија со глина и маслиново масло.

You must be logged in to post a comment Login