Маска за коса со лук е пред се моќна исхрана за кожата на главата со минерали и витамини кои во голема количина се наоѓаат во овој единствен продукт. Маската со лук хидрира, го прекинува губењето на косата, ја подобрува структурата и го убрзува растот на косата. Со помош на оваа маска засекогаш ќе се ослободите од првутот, ќе ја спречите појавата на бели влакна и ќе ја направите вашата кожа здрава и бујна.
Маската за коса со лук е одлична алтернатива на купечките козметички препарати. Многу е важно тоа што е природна и е погодна за сите типови на коса.
Рецептот за маска со лук против опаѓање на косата е следнава:
– 2 супени лажици свежо исцеден сок од кромид
– 1 супена лажица мед
– 1 супена лажица мајонез
– 1 супена лажица маслиново масло
Сите состојки промешајте ги добро и со нив истријте ја кожата на главата. Ставете капа за туширање или обична најлонска капа. Главата замотајте ја со пешкир.
Почекајте еден саат, а потоа исмијте ја главата со умерено топла вода.
Можете да го промените составот на оваа маска. Наместо мајонез може да ставите рицинусово масло, кое во својот состав содржи линолна, олеинска и палмитинска киселина, кои го заситуваат коренот на влакната и помагаа во здравиот раст на косата. Можете да додадете една жолчка (или цело јајце, доколку имате мрсна коса).
За постигнување на долгорочни позитивни резултати, маската со лук применувајте ја 2 пати неделно. Направете 30-40 третмани.
Ова едноставно, скромно и природно средство ќе ви биде најубавиот подарок, затоа што здрава и убава коса е богатство за секоја жена.
Маска ставете ја на неизмиена коса. Потоа исперете ја косата на вообичаен начин, со топла вода и шампон. Мирисот на лукот воопшто нема да се осеќа.

You must be logged in to post a comment Login