Речиси и да нема жена што не сонува коста да и расте побрзо. Како и да биде здрава и сјајна. Па, има начин тоа да се случи. И тоа во домашни услови! Ви ја представуваме маската со сенф, која ќе го засили растот на вашата коса и ќе и овозможи одличен изглед. сенфот го загрева скалпот со што се зголемува циркулацијата на крвта, што пак ги тера фоликолите да работат поактивно. А, еве и како да ја направите оваа маска…
Потребно ви е:
Две лажици сенф во прав
Две супени лажици маслиново масло
Две лажици шеќер
Една жолчка од јајце
Најпрво измешајте го сенфот и маслиновото масло, додадете малку вода и измешајте добро. Потоа ставете го шеќерот и жолчката и повторно измешајте. Маската се нанесува на сува коса и само на коренот. Ставете капа и врз неа крпа. Стојте со маската 30 минути, ако можете да издржите повеќе, уште подобро. Потоа измијте со шампон. Оваа постапка применувајте ја еднаш во неделата.

You must be logged in to post a comment Login