Пред да одлучите да потрошите пари за разни препарати против акни, обидете се со оваа необична маска.
Потребно ви е:
7 аспирина
Малку вода
Една лажица мед
Подготовка:
Аспиринот направете го во ситен прав и потоа измешајте го со малку вода, додека да добиете густа смеса како паста. Во добиената смеса додадете една лажица мед и добро измешајте.
Како да ја примените:
Лицето темелно исчистете го со вообичаено средство за чистење, би било добро кога би можеле да направите пилинг и така кожата да ја припремите за нанесување на маската. Рамномерно нанесетеја маската на лицето, избегнувајќи го пределот околу очите и устата. Оставете да делува 10-15 минути и потоа добро измијте ја.

You must be logged in to post a comment Login