Глината е едно од најпознатите природни средства за убавина!
Таа одлично влијае на кожата на лицето, а делува прекрасно и на косата. И доколку сте забележале дека во последно време вашата коса почнала да паѓа повеќе од нормално, можете да ја примените следнава постапка.
Многу е лесна! Едноставно измешајте 3-4 лажици глина со топла вода се додека не добиете мазна смеса. Оставете ја да одстои неколку минути и потоа нанесете на косата дебел слој.
Почекајте 10-15 минути и измијте ја косата со вода.
Оваа маска е одлична за секаков тип на коса, а најдобро е што ќе го потхрани не само влакното, но и скалпот со вредни минерали и важни материи.

You must be logged in to post a comment Login