Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Летна шминка – лесна и дива

Летото е сезона, во која се е дозволено, па зошто да не пробаме со малку поинаква шминка – брозените нијанси, кобалт сина па дури и неон. Можеби ви се чини премногу диво, но време е за промени!

Ние ќе ви ги представиме најинтересните трендови во шминката за ова лето, а вие ќе ја изберете вистинската за вас.

Кобалт  (светло) сина

Боја која дефинитивно нема да ве остави незабележани.

Кобалт сината дава посебен сјај на очите, ги прави да изгледаат зачудувачки. На многумина од вас може да им се чини премногу за дневна шминка, но зошто пак да не се обидете? Ќе бидете изненадени колку многу шарм ќе придонесе оваа силна шминка на вашето лице. Со лесно руменило и малку безбоен сјај, тоа е еднен од најпознатите шик трендови за лето 2013.

Летна капина

Нема потреба да ви повторуваме дека темно црвените усни се хит ова лето. Тие придаваат уште еден секси изглед не само на усните, туку и на целата ваша визија. Ако не сте навикнати на многу светли бои, а сакате да пробате нешто поинакво, тогаш идеалната боја за вас е кармин со боја на капина. Уште еден интересен и актуелен тренд за оваа сезона.

Неон

Неонските нијанси се поврзуваат со топли денови и луда забава.

Без разлика дали носите гардероба, аксесоари или неонски лак за нокти, вие сигурно сакате да бидете забележани. Неонските нокти изгледаат супер, но ако сте подготвени да се движите кон следното “диво” ниво, обидете се со неонска шминка.

Бронзеното време

Бронзеното секогаш е во мода, особено во текот на летото. Убаво е да не претерувате, за да не изгледате вештачки. Бронзено руменило или сјај со светкави честички – има за секого по нешто. Ќе изгледате како една прекрасна сирена на плажа и тоа без многу шминка.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement