Колку само пари до сега сте фрлиле на разни козметички производи, а да не сте ни знаеле дека постојат други решенија?
Маскара со две четкички
Ако сакате да испробате маскара со две четкички, од кои една има светол дел, за долги и цврсти трепки, немојте залудно да ги фрлите парите. Дуплото нанесување, прво восок, а потоа маскара, на повеќето жени на крај им оди на нерви па ретко ја користата втората четкичка.
Посебни креми за одредени зони
На различни делови од телото, кожата има различна дебелина, сувост и осетливост, но скапите креми за врат, рамена или некој друг дел не гарантираат подобра нега. Обичен лосион или млеко за тело е сосема доволно, освен за лицето. Најважно од се е редовно да се користи.
Тоник за лице
Тоникот за лице е чекор помеѓу чистење или нанесување крема, кој би требало да ви помогне за затварање на порите или чистење на митесери. Но, тоникот, всушност најчесто ја затега кожата и ја остава и понатаму сува, а голем број луѓе всушност не ни знаат зашто точно се користи тоник.
Антицелулитни креми
Без разлика колку пати лекарите или стручњаците ќе нагласат дека антицелулитните креми не помагаат во проблемот со целулит, разни компании и понатаму ги рекламираат иако тие немаат никаква корист.
Марамици за впивање маснотии од лице
Можеби се подобро спакувани, но марамиците за впивање на вишок маснотии од лицето, не се ништо подобри од обичните, кои се дури и подобри.


You must be logged in to post a comment Login