Колку и да е скапа козметиката која ја користите, таа во никој случај не е апсолутно корисна. Мора да запаметите дека во секоја козметика се содржани и штетни состојки, кои можат да бидат опасни. Опасноста се крие во тоа што можат да предизвикаат алергии.
Алкохолот во козметиката има лошо дејство, бидејќи го суши горниот дел на кожата. Како одговор на тоа почнува да синтетизира повеќе масти. Во овој случај се добива антиефект – наместо кожните проблеми да се одстранат, кожата уште повеќе се оштетува. Освен тоа при акумулација на масти по лицето постои ризик од бактериски инфекции. Исто така алкохолот може да предизвика црвенило или појава на кафени дамки.

Минералните масла, слични на силикон, формираат површински филм на кожата и на тој начин ги блокираат порите, односно кожата престанува да дише. Освен тоа таа престанува и да ги елиминира штетните токсини. Козметичките производи на основа на минерални масла го забрзуваат процесот на стареење на кожата.

Емулгаторите пак, можат да предизвикаат осип по кожата и да бидат канцерогени. Постојат научни претпоставки, кои сеуште не се докажани дека долготрајната употреба на производи кои содржат синтетички емулгатори, доведува до ризик од рак на црниот дроб и бубрезите.

You must be logged in to post a comment Login