Парфемот е најдолговечниот козметички препарат и може да трае 8 до 10 години. Препаратите кои се користат околу очите треба најчесто да ги менувате.
Течна пудра
Просечен рок на траење на течната пудра е 6 месеци до 1 година. Важно е само грлото од тубата да не го допирате со рацете бидејќи така лесно се пренесуваат бактерии. Ако се смени текстурата на пудрата и таа почне се одвојува, престанете да ја користите.
Кармин
Карминот трае и до година дена. Крајно време е да ги фрлите сите со изменета текстура, тие што се лепливи или исушени. Векот на траење се продолжува ако го држите на ладно место.
Моливи и креони
Моливите за очи и веѓи имаат ист век на траење како и карминот и можат да издржат година дена. Чувајте ги надвор од тоалетот, поради влагата која ги разорува.
Маскара
Маскарата трае 3 месеци, а по потреба можете да ја смените и порано.
Руменило и камена пудра
Руменилото и камената пудра траат до 2 години. Важно е да бидат на суво место. Редовно чистете ги четките.
Сенка за очи
Сенките траат скоро 2 години, но ако ги користите често менувајте ги порано.
Лак за нокти
Лакот за нокти има век на трањење 1 до 2 години. Треба да го чувате на суво и ладно место, што подалеку од директна сончева енерѓија и топлина.


You must be logged in to post a comment Login