Од неутрални до длабоки, темни бои. Токму русата коса ви овозможува да експериментирате со разлини бои на кармини. Прочитајте која боја на кармин најмногу и одговара на вашата нијанса руса коса.
Црвениот кармин го потенцира вашиот сексапил. Жените носат црвен кармин со децении. Тој никогаш не излегува од мода. Можете да носите каква сакате нијанса на црвен кармин, освен онаа најтемната што потсетува на кафеава. Одберете сјаен кармин за вашите усни да изгледаат сочно и полно. Доколку се решите за црвен кармин, останатиот дел од шминката треба да биде суптилен.

Месо боја карминот е кармин за модерен изглед. Тој одговара на секоја нијанса на кожа и руса коса. Можете да го носите баз разлика дали имате полни или тенки усни. Нагласете ги очите за да добиете совршен изглед.

Ако имате песоклива руса коса, тогаш вие сте одличен кандидат за овошна боја на кармин. Боите како праска и кајсија се одлични за вас особено ако имате светол тен.

Розовиот кармин е одличен за русокоси. Тој може да биде во која било нијанса, но внимавајте да одговара на вашиот тен. Затоа испробајте повеќе нијанси на розово и сигурно една ќе ви се допадне.



You must be logged in to post a comment Login