Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како совршено да ги нашминкате очите

Иако стандардното исцртување на очите со црно моливче е безвременска опција со која ретко може да погрешите, ако наместо тоа одберете некоја необична боја, ќе изгледате свежо и уникатно.

Можеби на прв поглед се чини дека не постои боја што може да ја замени елегантната црна, сепак, моливчињата за очи во темнозелена, кафена, жолта, мастило сина и со боја на модар патлиџан инстантно може да го трансформираат вашиот изглед, но и расположението.

Исто така, ако во минатото исцртувањето на очите со туш претставувало вештина со која можеле да се пофалат само најпрецизните, денес благодарение на популарните „зачадени очи“ (smokey eyes), со непрецизните меки линии околу очите ќе изгледате навистина шик. Моливчето нанесете го со слободна рака, а потоа благо замаглете ја линијата со стапче за уши.

Ако сакате дополнително да го истакнете погледот, врз линијата исцртана со моливче, нанесете тенок слој туш за очи во истата боја. Потоа, со бела сенка за очи благо нијансирајте ги внатрешните и надворешните агли на окото, како и линијата под веѓите. Со овој трик, вашиот поглед ќе биде бистар, а тенот ќе добие природен сјај.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement