Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како се користи коректор за лице

Коректорот буквално ги поправа грешките на вашето лице и на телото. Тој од секогаш имал важна улога при шминкањето, особено при подготовката на лицето за фотографирање, снимање, ТВ настап итн. Обликот на своето лице не може да го смените, но можете да експериментирате со бојата на коректорот за да го истакнете она што е најубаво на вас, а да ги прикриете недостатоците.
Коректорите се разликуваат по бојата и по текстурата. Може да бидат течни, во облик на крем, прав или стик. На фотографијата подолу можете да ги видите основните правила за нанесување на коректорот. Секако, сите бои на коректор не се користат во исто време и со прикажаниот интензитет. Фотографијата користете ја само како водич како да ја нагласите својата убавина.
korektor-1 (1)
Коректор за темните кругови под очите
Добриот коректор за оваа намена во себе содржи жолта база. Жолтите тонови ја неутрализираат сината боја на подочниците.
Коректор за прекривање тетоважи
Ако се работи за сина тетоважа, користете жолт коректор. Исто така одберете водоотпорен и многу постојан препарат, за да не ви останат траги на алиштата.
Темни дамки од стареење
Изберете жолт коректор.
Модрици
Жолтите модрици можете да ги прекриете со коректор со розеникава нијанса, а црвените модрици со зелен коректор.
Акни и црвени дамки
За вакви проблеми се користи зелен коректор, но запамтете дека треба да нанесете врз него доволно квалитетна пудра која само ќе ги прекрие, а нема да ги отстрани зелените тонови.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement