На лицето секогаш мора да нанесете некоја транспарентна пудра, која на вашето лице ќе му даде свеж изглед. Мозолчињата, флеките, испуканите капилари и подочниците сокријте ги со коректор кој делува потполно природно (најдобро е да изберете нијанса посветла од вашиот тен).
Хајлајтерите се исто така дозволени како и тврдите пудри со шимер. Најважно е да сепак имате некоја мерка, за лицето да не ви биде премногу светло и сјајно. Ако лицето брзо ви се замастува, секогаш покрај себе имајте специјални марамици со кои набрзина ќе ја отстраните маснотијата и пудра која во текот на вечерта за да можете да ја поправите шминката.

You must be logged in to post a comment Login