Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како да си направите масажа против целулит?

По прилагањето на масажата со мед, кожата останува мека и постегната. Медот ги апсорбира токсините и помага да се исфрлат од телото. Масажата со мед ја подобрува лимфната и крвната циркулација.

КАКО ДА СИ НАПРАВИТЕ ЕФЕКТИВНА МАСАЖА?

За да си направите една ефективна масажа ви е потребен природен мед и масло за масажа. Маслото може да биде од лаванда, нане, лимон, портокал, еукалиптус или некое друго, кое ви е подостапно.

На секоја чајна лажичка мед, додајте 5 капки масло или микс од различни масла. Ако ги масирате само задникот и бутовите, доволни ви се 2 чајни лажички мед и 10 капки масло. Медот и маслото смешајте ги непосредно пред да ја правите масажата. Ако користите различни масла најдобро е прво да направите смеса од нив и потоа да го додадете медот.

Смесата која сте ја приготвиле нанесете ја на рацете. Потоа премачкајте ги областите засегнати од целулит. Дел од смесата треба да остане на вашите раце.

Залепете ги рацете на телото и полека одлепувајте ги. Во почетокот правете го тоа бавно и внимателно.

Откако ќе се привикнете, започнете посилно да ги прилепувате и побрзо да ги одлепувате рацете.

Масажата треба да трае од 5 до 10 минути. Потоа отстранете ја смесата со топла вода. Премачкајте го телото со хидратантен лосион или млеко. Се препорачува оваа масажа да ја практикувате 15 дена.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement