Многу припаднички на понежниот пол избегаваат да користат ајлајнер (туш) во својот make up, зошто им е комплициран за нанесување. Меѓутоа, за нанесување на тушот не треба талент, туку само вежбање и стрпливост. Ова се исплаќа бидејќи со тушот најдобро можете да ги дафинирате очите и да го нагласите нивниот облик.
Како се нанесува тушот?
Големи очи – нагласете ги појако со ајлајнер. Најдобро е да повлечете подебела линија на горниот капак од окото кон надворешниот агол, а доколку сакате поокругли очи, ајлајнерот нанесете го само до аголот на капакот. За оние што сакаат мачкасти изглед, потребно е само линијата да се извлече нагоре.
Мали очи – за ефектот на покрупни очи потребно е да го повлечете тушот веднаш до трепките на горниот капак, од внатрешноста на окото, но така што линијата се здебелува нанадвор. Ајлајнер треба да се нанесе и на трепките на долниот капак, но од половина, и да се спои со линијата на горниот капак.
Мала оддалеченост меѓу очите – исцртајте тенка линија на внатрешниот дел на горниот капак, а на надворешниот малку здебелете ја. Најдобар ефект ќе добиете ако на внатрешниот агол на окото, до средината на капакот нанесете светла сенка, а од средината потемна.
Еве неколку примери за тоа како можете да го нанесете тушот за вашите очи секогаш да изгледаат различно:


You must be logged in to post a comment Login