Речиси не постои жена која не се сретнала со проблемот запушени пори.
Тоа е неизбежен и природен процес. Темните дамки на вашето лице се само остаток од себум и мртвите клетки на кожата. Можеби не изгледаат најубаво, но за среќа, запушените пори може да се исчистат со една едноставна маска која можете да ја направите дома.
Потребни ви се:
– 1 лажица желатин
– 2 лажици вода
Постапка:
Желатинот и водата измешајте ги помала стаклена чинија и ставете ги во микробранова печка на 7 секунди. По седум секунди смесата треба да стане мазна и доволно густа да се лепи за вашата кожа. Маската нанесете ја на претходно исчитена кожа. Почекајте да се исуши ( околу 20 минути), а потоа маската едноставно “одлепете” ја од лицето.

You must be logged in to post a comment Login