Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како да направите есенски пилинг на кожата?

Постапката се нуди во скоро сите козметички салони, но успешно може се извршува и дома. Есента и пролетта се соодветни сезони за ваква козметичка нега.
Екфолијацијата може да се направи со производи кои содржат тврди честички, како гранули. При активно масирање на веќе подготвената кожа се отстранува и чисти површинскиот слој и кожата станува мазна и мека, со рамномерен тен и видливо подмладена. Пилинг производи има како за лице така и за тело. Освен гранули во различни големини производите можат да содржат и состојки кои ја омекнуваат кожата и овошни киселини.

Ако мислите дека пилингот е излишна козметичка нега, грешите. Тој делува благотворно и ја освежува и подмладува кожата. Важно е да одредите каков тип на кожа имате и според тоа да дознаете каков пилинг треба да користите и колку често. Процедурата стимулира забрзано производство на клетки, а со тоа брчките се намалуваат а тенот се разбиструва.
Но внимавајте, со пилингот не треба да се претерува. Во поголемиот број случаи е дозволено најмногу еднаш или два пати неделно. Зачестеното третирање ја прави кожата чувствителна, се појавува црвенило и се нарушува хидролипидниот баланс. Само грубите места смеат да се третираат почесто, како што се петите лактите или колената.

 

Најдобро време за пилинг е по топла бања. Нанесете го производот и масирајте со кружни движења, оставете да делува неколку минути а потоа исплакнете со топла вода. По ваквата постапка кожата има потреба од заштита, па затоа нанесете хидратантен крем, маска или ампула со витамини.
Пилинг не треба да нанесувате во пределот околу очите, бидејќи кожата таму е тенка и чувствителна, но затоа не пропуштајте го вратот и деколтето.
Домашните пилинг маски се идеална опција ако имате чувствителна кожа и ако сакате да ја избегнете хемијата во готовите козметички производи. Постапката е лесна. Еве една природна пилинг смеса:
Потребни ви се морска сол или морски песок, мед, маслиново масло, малку павлака, жолчка, и пилинг кремот е готов. Во смесата можете да додадете неколку капки сок од лимон или ампула со витамини.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement