Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како да направите домашна крема за сите типови на кожа

Племичната крема која ја преставуваме името го добила бидејки благородничка го дала рецептот и го препорачала за лекување. Оние кои ја користеле тврдат дека по оваа крема, кожата станува мека и свилена на допир.

Кожата нема масен сјај бидејки брзо се впива. Нејзината предност се природните состојки и безбедноста. Таа е достојна замена на било која купена крема и одговара на сите типови на кожа.

Состојки: 150 грама масна павлака, 30 мл алкохол 70% или тинктура од невен, ако кожата е проблематична, 1-2 лажици сок од свежа краставица, 1 супена лажица маслиново, бадемово или невеново масло, 1 свежа жолчка, неколку капки етерично масло. Празна кутија од 200 мл.

Подготовка: Измешајте ја добро павлаката со жолчката, додајте го сокот од краставица и маслото. На крајот додадете алкохол. Сето тоа добро се измешајте го и ставете го во кутија. Ставете ја кутијата во фрижидер малку да добие густина. Кремата чувајте ја во фрижидер добро затворена. Токот на траење на таквата крема е 3 месеци. Кога ќе ја потрошите, направете нова.

Сите козметички производи кои се прават во домашна атмосфера мора да се чуваат добро затворени. Мало парче фолија или мрсна хартија ставен на отворот од теглата и поклопец, прави доволно добра заштита за кремата.

Кремата може да се користи како дневна или ноќна варијанта. Во текот на летото, подобро е да ја користите како ноќна, поради тоа што алкохолот под дејство на сонце би можел да остави пигментни флеки на лицето.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement