За време на празниците расположението е секогаш прекрасно. Затоа решивме дека сега е вистинскиот момент да ви покажеме како можете да си направите одличен диско маникир!
Тој е многу, многу блескав, а тоа го прави совршен за сите забави кои следат за новогодишните и божиќните празници.
Тој е суперспектакуларен и можете да го користите како акцент.
Со таков “скапоцен камен” вашата црна тоалета ќе добие сосема поинакво емитување!
Маникирот изгледа прилично сложен, но всушност е многу елементарен. Потребни ви се само лак за основа, топ лак и лак со блескави пигменти по избор.
Како точно да го направите, ќе дознаете од видеото кое ви го подготвивме. Па, девојки, погледнете ја оваа идеја и бидете неодоливи за празниците.

You must be logged in to post a comment Login