Ви здодеа потрагата по интернет вежби за слабеење или пак да се распрашувате за квалитетни диети? Додека чекате видливи резултати од режимот на исхрана и спортувањето, ние ви нудиме неколку трикови што ќе ве направат да изгледате послаби.
НОЗЕ
Рамните чевли без потпетици како балетанки или римјанки визуелно ги скратуваат нозете. За да имате убава и долга нога како манекенките на модните писти, облечете високи потпетици, а уште поубави ќе бидат доколку се во слична боја со вашата кожа. Потпетицата и сличната нијанса со кожата ќе ги издолжат вашите нозе и ќе ве направат повисока.
ПАНТАЛОНИ ДО ГЛУЖД
Панталоните до под колена, или попознати како капри панталони, ги скратуваат нозете. За да оставите впечаток дека имате долги и тенки нозе, практикувајте да носите панталони до глужд, без џебови и кои се закопчуваат на предната или на задната страна.
ЗДОЛНИШТА ВО ВИД НА А
Ваквите здолништа и оние со рамен крој, со должина до колената се најдобар избор ако сакате да изгледате слабо. За разлика од нив, кратките и мини здолништата не се добар избор зошто додатно ги нагласуваат колковите и бутините.
ЛИЦЕ
За да ги истакнете цртите на лицето употребувајте бронзено руменило на брадата, делови од челото, по должината на целиот нос и на јаболкцата. Но, нанесете го во мали мери за да ги нагласите контурите на лицето, зошто премногу руменило може да предизвика сосема спротивен ефект.
КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ
Доколку направите добар избор при бирање на костим за капење, Вие визуелно ќе можете да ги издолжите нозете и да ги нагласи женските облини, а да го одвлече вниманието од критичните делови.
СТАВ
Сигурно сте забележале дека девојките кои изгледаат самоуверено и веруваат во својот изглед, навистина изгледаат доста убаво. Мааните кои ги поседувате, ги забележувате само вие и доколку почнете постојано да се жалите за нив, верувајте дека и другите ќе почнат да ги забележуваат.
Концентрирајте се на предностите и мислете само на нив. Заборавете на недостатоците и бидете самоуверена и тоа веднаш ќе се познае на вас.

You must be logged in to post a comment Login