Руменилото на лицето треба да изгледа природно токму како „зимата да ве штипнала за образите“. Но таквиот изглед е тешко да се постигне, особено ако не сте го избрале правилно руменилото.
За да ја изберете вистинската нијанса, анализирајте го својот тен. Ви откриваме како да изберете руменило според бојата на кожата.
Светла кожа
Светлата кожа има портокалови и розови подтонови, па ќе ви одговараат розови и корални нијанси. Избегнувајте темни бои, како и земјени тонови што може да направат вашата кожа да изгледа жолтеникаво.
Маслинеста/темна кожа
Маслинестата кожа има златни подтонови, па најдобро ќе ви одговара руменило со бронзени или со златни тонови. Добар избор се и црвените нијанси, а задолжително треба да ги избегнувате ладните розови нијанси.

You must be logged in to post a comment Login