Ако сте забележале на лицето нови бори и траги од замор, направите дома одлична маска против бори.
Освен тоа што е економична, нејзиниот ефект е еднаков на ботоксот. Маската е потполно природна и ја затегнува кожата подобро од ботокс. За подготовка на оваа маска потребно е: една лажица густин, свежо исцеден сок од морков (5 лажици) и една лажица кисела павлака.
Како да ја подготвите маската:
Растворете го густинот во половина чаша вода. Сипете во мало тенџере и додадете 400ml врела вода. Ставите го на оган и варете додека да згусне.
Потоа, кога смесата ќе се олади, додадете го свежиот сок од морков и павлаката. Добро измешајте. Маската нанесете ја на исчистено лице и оставете да делува 25-30 минути.
Маската одстранете ја со топла вода и нанесете хранлива крема.
Преостанатата количина ставете ја во фрижидер.
За подобар ефект ставајте ја маската три дена по ред. Таа ги одстранува трагите на замор и малите бори, кожата се затега, станува еластична и мазна. Ја хидрира кожата и генерално делува како ботокс.

You must be logged in to post a comment Login