Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како да ги покриете белите влакна

Дали сеуште се мачите да пронајдете боја која ќе ги покрие сите бели влакна? Погледнете ги советите на еден од најголемите светски мајстори, фризерот Џеред Џи и изборете се со досадните бели влакна.

Бојадисувањето на косата во младоста некогаш претставува само каприц, некогаш имиџ, меѓутоа на одредена возраст тоа станува неопходност. Џеред Џи фризер од Лос Анџелес кој е задолжен за повеќето фризури на познатите личности, даде неколку корисни совети за покривање на белите влакна.

Кога станува збор за типот на косата и бојата, Џи препорачува  употреба на трајна боја за коса, за да се осигурате дека белите влакна нема да почнат да излегуваат пред да порасне коренот.

Колор шампоните, преливите и останатите видови на боја за коса не се доволно јаки за да се изборат со проблемот, посебно кога 50 проценти од косата е побелена.Според Џи најдобро е да се бојадисува коренот со најмногу две нијанси посветла боја од природната.

Што се однесува до перењето , не е потребно да се третира косата секој ден затоа што таа самата содржи природни масла кои ја хранат. Покрај тоа пречестото перење може да ја извади и најтрајната боја пред време.

Бирајте шампони кои се наменети за фарбана коса, посебно тие што хидрираат и хранат косата. Доколку редовно користите преса за коса или јак фен, може да користите и средства за заштита од топлина.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement