Независно дали се работи за машко или женско, митесерите најчесто се појавуваат на брадата, носот и челото. Не е ни најмалку убаво кога се гледаат, а настануваат поради вишокот на себум во проширените пори. Може да се појават кај луѓе кои имаат масна и мешовита кожа.меѓутоа, не морате да се грижите, бидејки може да прочитате како да ги отстраните на едноставен начин.
Обично кај отстранувањето на митесерите помагаат фластери кои ги извлекуваат од порите. Меѓутоа, во главно се многу скапи, па можете да направите и самите. Се што ви е потребнно се желатин и млеко.
Измешајте една лажица желатин со три лажици млеко. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја смесата во микро и загрејте ја смесата околу 10 секунди. По тоа повторно добро измешајте. Кога смесата ќе биде готова нанесете на одредените делови каде имате митесери и оставете да отстои 15 минути. По тоа отстранете ја смесата и сигурни сме дека ќе бидете задоволни од резултатите. Постапката можете да ја повторите секој пат кога ќе видите дека митесерите се вратиле, за да можете да ги држите под контрола.

You must be logged in to post a comment Login