Големината на порите не зависи од нашата посветеност на лицето, тие се обично генетски преодредени. Меѓутоа доколку имате проширени пори постојат неколку трикови кој ќе ви помогнат да ги намалите.
Доследна нега
Проширените пори може да бидат наследени но исто така зависат и од типот на кожата. Луѓето со сува кожа имаат помали пори, додека кај луѓето имаат масна кожа порите се повпечатливи. Редовното чистење на лицето и соодветната нега и хидратација на кожата може да ја намали појавата на проширени пори. Средствата кои содржат гликолна или салицилна киселина помаѓаат во чистењето на порите. Тоникот е добар за чистење на лицето бидејки ги отстанува нечистотиите.
Шминка
Ако секојдневно се шминкате, бирајте лесни формули без масло. Ако пудрата ви навлегува во порите и прави да изгледаат поголеми, користете подлога за пудра.

You must be logged in to post a comment Login