Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како да ги намалите порите?

Дали имате проширени пори? Прочитајте ги овие совети кои ќе ви помогнат да ги намалите порите и да имате помазен тен.

Постојана нега

Наследниот фактор и типот на вашата кожа можат да бидат причината поради која имате проширени пори. Лицата со сува кожа имаат помали пори, додека пак оние со помрсна, кожа почесто имаат проширени пори. Редовното чистење на лицето и соодветната хидратација (ова се однесува за сите типови кожа), можат да придонесат кон намалување на проширените пори.

Користете средство за чистење на лицето кое содржи гликозна и салицилна киселина, состојки кои ќе ви помогнат да ги деблокирате порите. Одберете благо средство за чистење на лицето, и чистете го наутро и навечер. Додавање тонер во секојдневната нега исто така може да ви помогне. Тонерите можат да ги исчистат остатокот од нечистотија кои геловите за миење на лицето не успеваат да ги отстранат. Совесното однесување во врска со чистењето на лицето е начин број еден за намалува на порите, бидејќи така ќе ги одржувате отворени и без вишок на масти.

Освен редовното чистење, лицето можете понекогаш да го парите, со цел да ги отворите порите пред чистењето и да ги подобрите резултатите од редовниот режим на чистење.

Држете ги рацете подалеку

Никогаш не стискајте ги порите! Стискањето предизвикува траума на ткивото кое ги опкружува порите, а резултатот ќе биде проширена пора и грда црвена лузна.

Регенерација

Постојат специјални кремови наменети за прочистување на порите, кои можат да го подобрат регенерирањето на клетки на кожата. Овие третмани освен што го поттикнуваат растот на нови клетки, воедно ги одржуваат и порите чисти. Со формирањето на новите клетки, кожата добива помазен изглед, а порите со тек на време се повеќе се намалуваат.

Шминка

Ако секојдневно се шминкате тогаш одберете шминка без масти и со формула за контрола на мрснотијата. Можеби сте забележале дека пудрата ви навлегува во порите и прави тие да изгледаат уште поголеми. Едно од решенијата е да се нанесува подлога за лице, пред да ставите пудра. Основата ќе направи бариера која ќе ви даде мазна кожа и ќе ја спречи пудрата на навлезе во порите и во брчките.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement