На лицето рамномерно нанесете течна пудра со лесна структура во нијанса приближна на бојата на вашата кожа за да би постигнале природен изглед. Потоа, со коректор прекријте ги неправилностите на лицето и подочниците.
Истакнете ги контурите на лицето и исенчите ги со бронзер, а потоа јаболчниците истакнете ги со руменило со розева боја. Користете поголема четка за да избегнете на кожата да се познаваат траги од нанесувањето.
Со молив со кафена нијанса пополнете ги празнините на веѓите, а потоа со четка прејдете преку нив за да постигнете природен облик и изглед. Преку целите очни капаци со прсти или со четка нанесете светлорозева сенка. Внатрешната линија на долните трепки исцртајте ги со син молив за очи и секако нанесете маскара во два слоја, но причекајте првиот слој да се исуши па потоа нанесете го и вториот слој.
На усните нанесете кармин со светлорозева нијанса и балзам за усни во светла боја.

You must be logged in to post a comment Login