Недостатокот на витамин Ц предизвикува губење на водата во кожата, и намалена колаген синтеза која е важна за раст и регенерација на телесните ткива , коски и заби , што доведува до истенчување на кожата, и се чувствителни на надворешните влијанија.
Рецепт за правење лосион од лимон и магдонос , кој ја освежува и чисти кожата и ги намалува порите :
Состојки:
– 1 дл сок од лимон
– 2 лажици магдонос
– Дестилирана вода 1,5 дл
– 0,5 дл 70 отсто алкохол
Подготовка на лосионот : Исецкан магдонос се прелива со дестилирана вода и алкохол. протресете ја содржината оставете ја да отстои преку ноќ. Следниот ден, додадете сок од лимон. Применувајте го како лосион наутро за чистење на лицето и вратот. Чувајте во темно шише .
Може да се добие течност и без лимон и алкохол , рецепт :
Подготовка на лосион : Магдоносот се вари во вода, се лади во затворен сад , а потоа додадете 100 милилитри минерална вода. Најдобро е да се чува во фрижидер.
Ефект: ја штити кожата од слободните радикали и го спречува сушењето на кожата и ја зајакнува заштитната бариера на кожата.
За чистење :
Состојки:
магдонос
100 мл 70 % етил алкохол
300 мл дестилирана вода
Подготовка тоник : измиен и сецкан магдонос се става во тегла и се покрива со 100 мл 70 % алкохол од аптека . Се остава цврсто затворено во тегла во фрижидер да отстои десет дена, а потоа процедете го преку филтер-хартија и разредете со 300 мл дестилирана вода .
Секое утро и секоја вечер се натапкува со навлажнет памук .
Маска од магдонос и кисело млеко за лице иритирано од сонце и топлина:
3 лажици сецкан магдонос
3 лажици матеница
Подготовка на маската: Измешајте ги состојките и нанесете на лицето и вратот. По дваесет минути, отстранете и измијте го лицето со млака вода. Ако вашата кожа е исклучително сува , во смесата , додадете неколку капки бадемово масло .
Магдоносот го ублажува црвенилото на кожата , осветлува и помага во намалување на количината на црвени мозолчиња.

You must be logged in to post a comment Login