Процесот на стареење е природен и тоа не можете да го запрете. Со годините кожата почнува да ја губи влагата и станува чувствителна. Меѓутоа, постои начини кои може да го забават процесот на стареење и да изгледате помлади.
Пијте течности
Човечкото тело се состои од 60% вода, а секојдневните задачи и рутини трошат драгоцен дел од ресурсите кои треба да ги наполните. Пијте најмалку по осум чаши вода секој ден.

Регулирајте го стресот
Менталниот стрес го забрзува стареењето. Кога сте под стрес всушност се пореметува рамнотежата и излачувањето на хормони поради што е отежнато генерирањето на колаген. Постојат голем број начини како да се намали физичкиот стрес, на пример вежбајте јога.

Искористете го овошјето
Направете маска за лице со овошје по ваш избор. Исечените јагоди на кругови се одлична маска, бидејќи содржат бета-каротен и витамин А кои помагаат во обновувањето на калоген.

Вежбајте
Вежбањето е составен дел од режимот за нега на кожата. Физичката активност помага во одржувањето на тонусот на мускулите и на флексибилноста, а го подобруваат и целокупното здравје, кондиција. Вежбањето го поттикнува протокот на крв во телото. Еден од најдобрите начини е пешачењето.

Исхраната се рефлектира на лицето
Треба да се практикувате колку што е можно поздрава исхрана вклучувајќи доволно овошје и зеленчук. Избегнувајте црвено месо, алкохол и цигари. Овошјето и зеленчукот се одлични антиоксиданси.

You must be logged in to post a comment Login