Сокот од домати кој е вкусен и топoл и ладен, може да ви помогне да изгубите од телесната тежина, ако знаете некои работи за него и знаете како да го одберете вистинскиот.
Калории и хранливи материи
Сокот од домати може да ви помогне да ја изгубите телесната тежина, ако го пиете наместо висококалоричните пијалоци. На пример, 350мл сок од домати содржи само 60 калории. Сокот од домати е исто така добар извор на калциум, витамин Ц и железо.
За споредба, просечната вредност на калориите во засладените газирани пијалоци е околу 150 калории на 100мл, и тоа без никакви хранливи материи.
Сокот од домати може да му помогне на вашето тело да се хидрира.
Мени за диетата со сок од домати
Диетата се почитува 14 дена.
Секојдневно мени:
Појадок: 1 чаша сок од домати, 2 интегрални парчиња леб, овошје.
Ручек: 1 чаша сок од домати, 100гр варен ориз, 100гр варена риба, зеланчук, јаболка.
Вечера: телешка шницла приготвена во растително масло, зеленчук, 50гр варен ориз, 1 чаша сок од домати.

You must be logged in to post a comment Login