Можеби ќе ви звучи екстравагантно, но златото е метал кој може многу да ви помогне во зачувувањето на младешкиот изглед на кожата.
Британската компанија “Proskins” лансирала на пазарот хеланки кои изгледаат сосема обично, меѓутоа не се. Благодарение на 24-каратната златна ткаенина тие се покажаа како фантастичен анти-ејџ третман за сите оние дами кои имаат изразени бутини и листови.
Како што објаснуваат лидерите на “Proskins”, благодарение на честичките од злато, овие хеланки ја поттикнуваат кожата да лачи хијалуронска киселина, со што се враќа еластичноста и младешкиот изглед, а брчките и целулитот исчезнуваат како со магија.
Еден пар хеланки чини 197,57 долари, со тоа што првата пратка е распродадена уште првиот ден. Исто така оваа компанија произведува и маски за лице и ракавици на база на злато.

You must be logged in to post a comment Login